Влада: Нема потреба од анекс на Договорот со Бугарија

Во текот на денов премиерот Зоран Заев ќе оствари телефонски разговор со канцеларката Ангела Меркел и ќе се дискутира пристапниот процес на земјава во ЕУ, откри владиниот портпарол Душко Арсовски. Тој додаде дека домашни власти се благодарни што Германија засилено се залага за исполнување на целта – одржување на првата меѓувладина конференција до крајот на годината, што би било сигнал за целиот регион дека се задржува кредибилитетот на Европската унија.

Паралелно се одвиваат контакти меѓу МНР на Република Северна Македонија и Република Бугарија, но во интерес на процесот е да не се изнесуваат детали, а инаку сите контакти водат кон приближување на позициите. Договорот од 2017 година е одлична рамка и нуди инструменти за надминување на прашањата за кои Софија има дилеми. Апелирам да нема говор на омраза меѓу двете земји, затоа што нов наплив на омраза, во кој било правец, би влијаел и на работата на Комисијата за историски прашања, изјави Арсовски, кој додаде дека нема потреба од нов договор со Бугарија или пак анекс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот