Влада на Косово: Нема приближување на ставовите со Белград ниту по денешните преговори во Брисел

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовската Влада објави дека ниту на денешните преговори со српската страна во Брисел, кои се одвиваат со посредство на специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Приштина и Белград, Мираослав Лајчак, не е постигнат виден напредок во правец на приближувањето на ставовите.

Како што  јави дописникот на МИА од Приштина, во соопштението од кабинетот на премиерот Авдулах Хоти се наведува дека на денешната рунда преговори, предводени од координаторот на косовската Влада за дијалогот, Скендер Хисени и директорот на српската Канцеларија за Косово, Петар Петковиќ, станало збор за пензиите и катастарот.

– Оваа дискусија беше продолжение на третирањето на истите прашања од минатата средба одржана на 29 октомври. И по една долга расправа се уште нема значително приближување на ставовите. Во секој случај, постигната е согласност расправата за овој елемент на сеопфатниот договор меѓу двете земји да продолжи на наредната средба, се вели во соопштението.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот