Влада: 10 отсто зголемување на платите на наставниците од април

Владата одобрува покачување на платите на наставниците за 10 отсто, почнувајќи со исплата за платата за април 2020 година.

– Откако ќе биде постигната спогодба со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), со оваа информација вкупното покачување на платите од април идната година, во основното, средното, високото образование и во науката, ќе изнесува повеќе од 20 отсто, имајќи ги предвид претходните две покачувања за само една година, на двапати по 5 проценти, соопшти владата.

Владата и МОН завчера му предложија на СОНК зголемување на платите за нови 10 отсто од април. Претседателот на СОНК Јаким Неделков изјави дека ќе го консултираат членството кое треба да одлучи дали е предлогот прифатлив или ќе биде одбиен. Неделков изјави дека според првичните реакции, не се задоволни што зголемувањето ќе биде 10, а не 25 отсто како што бараат тие. Сметаат и дека зголемувањето треба да биде од 1 јануари, а не од април.

Советот на СОНК вчера одржа состанок со регионални претставници на Синдикатот, на кој присуствуваше и министерот за образование и наука Арбер Адеми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот