Вкусови што се памтат: Руска кујна – Шчи со телешко месо (РЕЦЕПТ)

YouTube
YouTube

Кога ќе се спомне руска кујна нешто што прво ви доаѓа на ум е руската салата која е особено популарна во овој период. Типично за руската кујна е што изобилува со богатство од рецепти чии главни состојки се риба, живина, печурки, шумски бобинки и мед во десертите.

Овој викенд ви предложуваме да ја подготвите оваа руска чорба , популарна под името Шчи која ќе ве освои при првата изедена лажица. Богата со телелешко месо и многу здрав зеленчук, а киселата зелка го дава оригиначниот вкус на оваа чорба или супа.

Состојки:

– 1 кг телешко месо
– 500 гр кисела зелка
– 3 компир
– 2 главици кромид
– 2 морков
– 2 домати
– пола китка магдонос
– ловоров лист
– 20гр бибер во зрно

Подготовка:

Прво месото треба убаво да се свари. Подготовката трае околу еден час во длабок сад со вода со неколку ливчиња ловоров лист и црн пипер во зрно.

Откако убаво месото ќе се исече на коцки и во истата течност колку е преостаната во самото тенџере од варењето на месото се додаваат киселата зелка, компирите и доматите и се варат заедно со месото уште 20 минути.

Во друга тава на оган со масло се става морковот, кој е претходно убаво изрендан на ситно заедно со ситно исечканиот кромид да се запржат заедно неколку минути, а потоа се додаваат во тенџерето со сите состојки и се варат уште 10 минути кога се додава и магдоност кој е исто така убаво исечкан.

По желба декорирајте со малку кисела павлака и парче лимон. Се сервира супата додека е топла.

Добар апетот!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот