Вкусови што се памтат: Грчка кујна – Локумадес (РЕЦЕПТ)

Многу риба, морски плодови, суфлаки, фета сирење, грчка пита и многу слатки десерти ја карактеризираат грчката кујна. Свежите производи, употребата на ароматизирани растенија и зачини, маслиновото масло и едноставноста се основни карактеристики на грчката кујна.

Денес ќе ви го откриеме традиционалниот рецепт за популарните грчки крофнички – Локумадес. Не треба да чекате лето за да се засладите со овој десерт.

За тесто:
– 3 лажици шеќер
– 1 мало лажиче сол
– 1000 мл. топла вода
– 1250 гр. брашно
– 1 јајце
– 1 лимон
– 2 лажици рендана кора од лимон
– 1 мало лажиче узо
– 500 мл. масло за пржење

За сируп:
– 150 мл. мед
– 150 мл. вода
– 150 гр. Шеќер

За декор (по желба):
– 1 лажичка цимет
– 300 грама сечкани ореви
– чоколаден прелив
– шеќер во прав

Подготовка:

Во подлабок сад ставете го квасецот, солта, шеќерот, една лажичка брашно и 250 милилитри топла вода, промешајте ги состојките и оставете да се активира квасецот околу 10 минути.

По 10 минути во истиот сад додадете ги преостанатите состојки за подготовка на тестото.
Со убаво замесување ќе добиете меко тесто кое ќе треба да отстои на собна температура околу 2 часа покриено со крпа.

Додека тестото стасува искористете го времето за подготовка на сирупот.

Во помал огноотпорен сад ставете ги сите состојки и загрејте ги на среден оган, да се стопи шеќерот, a медот да стане потечен.

Потоа во подлабоко тенџере ставете го маслото и загрејте го на највисока температура.

Со мала лажичка ќе вадите топчиња од тестото и ќе ги ставате во врелото масло да се пржат.

Откако ќе се испржат ги ставате во сад покриен со хартија која ќе ја впие маснотијата, а потоа ставете ги во сад за послужување, прелијте ги со сирупот и наросете со сечканите ораси и цимет по желба.

Вкусови што се памтат: Грчка кујна – Галотопита (РЕЦЕПТ)

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот