Вкусови што се памтат: Грчка кујна – Грчка пита (РЕЦЕПТ)

Многу риба, морски плодови, суфлаки, фета сирење, грчка пита и многу слатки десерти ја карактеризираат грчката кујна. Свежите производи, употребата на ароматизирани растенија и зачини, маслиновото масло и едноставноста се основни карактеристики на грчката кујна.

За денес ќе ви го откриеме традиционалниот рецепт на грчката пита за која не треба да сте мајстор за подготовка на кори или сукање. Сите состојки еден сад и питата е готова.

Состојки:

– 3 јајца
– 250ml јогурт
– 1 прашок за печиво
– 500g брашно
– 150g шунка
– 150g сирење
– 10 кисели краставички
– масло
– сол
– бибер

Подготовска:

Најпрво исечкајте ги краставичките и шунката на ситни коцки. Во подлабок сад соединете ги сите состојки, освен сирењето, додека не добиете убаво меко тесто.

Ставете масло во тава за печење, размачкајте го, па нанесете го тестото. Печете 15 минути на 200 степени.

Извадете ја питата, изрендајте го сирењето и продолжете со печење уште 5 минути.

Кога малку ќе се олади, исечете ја и послужете.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот