Вкусот на кафето зависи од бојата на шолјата од која го пиете?

Авторот на студијата која е објавена во магазинот Flavour, дојде до овие резултати откако еден бармен му признал дека муштериите, кои пијат кафе од бела шолја се жалат дека кафето им е премногу горко.

Оваа хипотеза е тестирана на група волонтери. Резултатите од тестот покажале дека во зависност од бојата на шолјата испитаниците поинаку го доживувааат интензитетот на кафето.

Кафето кое е сервирано во бела шолја често остава впечаток дека е горко, додека сината шолја понекогаш го остава истиот впечаток, а понекогаш спротивно, односно на некои испитаници им се чинело дека кафето е преблаго.

„Овој експеримент докажува дека бојата на шолјата има ефект врз нашето доживување на кафето. Тоа значи дека треба да обрнеме внимание во каква шолја сервираме и пиеме од нашиот омилен пијалок“, порача авторот на студијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот