Вкусно задоволство: Непечена Зебра торта

непечена зебра торта
Принтскрин / Youtube

Оваа торта е совршена за викенд уживање. За подготовка на истата воопшто не е потребно да вклучувате рерна. Вкусот на зебра тортата ќе ве освои од прва!

Состојки:

  • 180 гр чоколадни бисквити
  • 70 гр путер
  • 1 лажица млеко
  • 30 гр желатин
  • 150 мл млеко
  • 400 гр павлака
  • 300 гр кондензирано млеко
  • 200 мл течен шлаг или слатка павлака
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 30 гр какао во прав

Подготовка:

Растворете го желатинот според упатството, додадете 150 мл млеко и оставете малку да отстои. Бисквитите измелете ги во блендер, па додадете 70 гр стопен путер и 1 лажица млеко. Соединете ги состојките. Ставете во обрач и направете кора. Ставете во фрижидер 10 минути.

Изматете 400 гр павлака и кондензирано млеко. Одделно изматете 200 гр слатка павлака или течен шлаг. Додадете неколку лажици крем од кондензираното млеко во желатинот, па сè соединете. Додадетего и изматениот шлаг.

Поделете го филот на два дела, па во едниот додадете ванилин шеќер, а во другиот какаото. Неколку лажици црн фил нанесете врз кората, а потоа неколку лажици бел фил сипете во средина, и така повторувајте наизменично додека не се потроши материјалот. Изладете го колачот, потоа извадете го обрачот и послужете.

На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот