Вкусно задоволство: Дали сте пробале пржен сладолед?

Најомилениот леден крем на сите времиња или попознат како сладоелд, е десерт кој денес го има во сите можни вкусови. Доколку душата ви бара нешто слатко денес, направете пржен сладолед за вас и вашите сакани. Дозволете си го ова вкусно задоволство кое со сигурност ќе ве воодушеви.

СОСТОЈКИ:

  • 500 г сладолед
  • 50 г остро брашно
  • 1 јајце
  • 50 г лебни трошки
  • масло за пржење
  • прелив и овошје по желба

ПОДГОТОВКА:
Со лажица за сладолед извадете топчиња од замрзнатиот сладолед. Вратете ги во замрзнувач да останат цврсти. Потоа валкајте ги во брашно, па во матено јајце и на крај во лебни трошки. Држете ги во замрзнувач до пржење. Загрејте го маслото во длабок сад, да не допираат топките до дното, потоа ставете ги топките сладолед да се пржат кратко, додека поруменат, но да не се растопат. Послужете ги со овошје и прелив по избор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот