ВКУСНО И МАКЕДОНСКО: Најлесниот колач со јаболка (РЕЦЕПТ)

колач јаболка

Овој стар македонски рецепт го има речиси во секоја тетратка со рецепти на нашите баби и мајки, а вкусот е едноставно, неповторлив.

Потребни состојки:

3 јајца
Една чаша шеќер
Три јаболка
250 гр мелени ореви
200 гр гриз
Еден ванилин шеќер
Еден прашок за пециво

За шербет:

2 чаши шеќер
3 чаши вода

Подготовка:

Излупете ги јаболката и изрендајте ги крупно. Во сад за матење матете ги јајцата, па додавајте го шеќерот и продолжете со матење. Во изматените јајца додадете ги сувите состојки и јаболката и измешајте да се соедини смесата.

Во намастена и набрашнета тепсија истурете ја смесата и печете 40 минути на 200 степени. Додека колачот се пече подгответе го шербетот.

Испечениот колач исечете го на парчиња и прелијте со топол шербет. Оставете го најдобро преку ноќ да се впие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот