Вкусни тајни: Цвеклото го заслужува вашето внимание

цвекло
Unsplash

Ако не се плашите да експериментирате во кујната и не сте љубител на јадења со месо, тогаш цвеклото задолжително мора да се најде на вашето мени. Непознато е зошто не е популарен зеленчук и не се консумира доволно. А, освен што е вкусно, црвеното цвекло е многу здраво. Помага при метаболизмот и е одлично за подготовка на здрави салати.

Во себе содржи антоцианин, состојка поради која цвеклото ја има карактеристичната црвена боја. Воедно антоцианинот има и антиканцерогени својства. Благодарение на тоа, цвеклото може да помогне против различни болести, вклучително и ракот. Покрај антоцианинот содржи и бетаин. Оваа состојка е корисна за кардиоваскуларниот систем.

Цвеклото може да се консумира сурово, варено, конзервирано или како сок. Сокот од цвекло има својство да ги чисти мочните патишта од токсини и бактерии. Помага во превенцијата на артериосклероза, го намалува крвниот притисок и го зајакнува имунитетот.

Традиционално цвеклото се консумира во облик на салата, најчесто варено, во комбинација со друг зеленчук како што е компир и краставици. Ова е т.н. винегрет салата, која Русите ја подготвуваат за празници. На нивното мени цвеклото често е присутно.

Кај нас цвеклото најчесто се јаде во салата, свежо, во комбинација со друг зеленчук како моркови или зелка. Салатата од цвекло, јаболко и прелив е многу здрава варијанта, ако сакате да се храните и живеете така.

Црвеното цвекло може да се консумира и како дел од цеден сок или салата со моркови и краставици. Може да се подготви на пареа. Одличен рецепт е салата од рендано цвекло со едно рендано кисело јаболко и рака рукола, зачинето со лимонов сок, маслиново масло, сечкан лук и сол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот