Вкусни и крцкави: Солени пченкарни стапчиња со пиво

Интересно крцкаво пециво кое оди како прилог со многу јадења, свежи или крем салати или како брза ужинка кога немате време за оброк. Се подготвуваат, брзо и лесно, а притоа се и одличен украс на трпезата.
Состојки:
– 180 г бело брашно
– 180 г пченкарно брашно
– 1 лажичка сол
– 1 ќесичка прашок за пециво
– 370 милилитри пиво
– 2 лажици масло
– семиња по избор
– посен мајонез
Подготовка:
Измешајте ги сувите состојки. Потоа додадете го пивото и маслото и измешајте добро. Раширете го тестото со сукало и сечете на парчиња.
Оставете го на работната површина околу 15 минути. Потоа, стапчињата префрлете ги во плех за печење. Добро премачкајте ги со посен мајонез и додајте семиња по избор.Оставете ги да стојат во плехот околу 5 минути. Потоа, печете ги на 180 степени додека не поруменат. Можат да бидат свежи неколку денови.
За американските палачинки да ви бидат помеки – користете го овој трик
Се топи во уста, готова за 20 минути: Рецепт за проја со кашкавал која останува свежа до три дена