Вкусни, ефтини и брзи мафини (РЕЦЕПТ)

Кој би можел да им оддолее на мафините со вкус на чоколадо?

Иако многумина мислат дека е комплицирано да се направат едни од најпопуларните колачи, тоа впрочем не е точно.

За мафини од чоколадо ви се потребни само 5 состојки:

  • 4 јајца

  • 8 лажици шеќер

  • 200гр. чоколадо за готвење

  • 1 маргарин

  • 16 лажички брашно

Поедноставен рецепт од овој нема да можете да најдете, бидејќи во само три чекори вашите колачи се готови.

Подготовка:

Најпрво што треба да направите е да ги стопите маргаринот и чоколадото. Потоа изматете 4 јајца и шеќер, па додадете ги стопеното чоколадо и маргаринот. Додадете брашно, се добро промешајте и ставете ги во калапи.

Претходно загрејте ја рерната на 220 степени и печете ги 10 минути. Ако внатре сакате потечно чоколадо, намалете го времето на печењето на 8 минути.

Посипете ги со шеќер во прав по желба и послужете.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот