Вкусна овошна тестенина со мед, банани и ореви

Тестенината не мора само да се подготвува со сосови и месо, туку може да се јаде и со овошје и ореви.

 

Потребно ви е:

– 200 гр тестенини

– 3 лажици презла

– 1 лажица мед

– ½ лимон (сок)

– 100 гр малини

– 1-2 банани

– 1 портокал

– 100 гр сецкани ореви

– масло

 

Подготовка: Тестенината сварете ја, а презлата пропржете ја на масло. На исцедените тестенини додадете ја пржената презла. Додадете сецкан орев, на коцки исецкан портокал и банана која сте ја испрскале со сок од лимон. Додадете мед. Малини и се помешајте. По желба засладете уште. Украсете со тркалца портокал и уживајте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот