Вкусете нешто поразлично: Дали сте пробале пица карбонара?

Секогаш кога ќе се спомне карбонара веднаш помислуваме на превкусните шпагети. Карбонара е едно од најпознатите италијански јадења со тестенини чиј рецепт потекнува од Рим уште од средината на 20 век. Но дали некогаш сте пробале карбонара пица? 

СОСТОЈКИ:

За тестото:

  • 1 свеж квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 70 мл вода
  • 225 г брашно
  • 4 лажици маслиново масло
  • сол

За филот:

  • 80 г доматен сос
  • 60 г моцарела
  • 5 резанки сланина
  • 40 г сечкани свежи печурки
  • 40 г пармезан
  • 1 јајце

ПОДГОТОВКА:

Откако квасецот ќе стаса, во сад измешајте го со останатите состојки и замесете тесто. Добро размесете го и обликувајте го во топка, па ставете го во сад покриено со крпа да стасува 40 минутидодека се удвои. Потоа премесете го и нека одмори уште 15 минути. Готовото тесто расукајте го и ставете го во плех обложен со хартија за печење. Намачкајте го со доматен сос, ставете ги ренданите кашкавали и посипете со малку густа павлака за готвење, само малку. Ставете парчиња сланина, сечкани печурки и зачинете со сол и црн пипер. Печете во рерна загреана на 200 степени. Извадете ја од рерна пицата, одделете ја белката од жолчката и ставете ја белката, па нека се потпече. Потоа извадете ја од рерна пицата, на средина ставете ја жолчката и повторно потпечете две минути. Посипете со оригано и послужете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот