Вкусен предлог за вашата неделна трпеза: Како да направите совршена фокача?

unsplash

Денес ви го носиме вкусот на Италија на вашата трпеза… Фокача е совршен избор за закуска или додаток на вашиот неделен ручек. Со тесто налик на пица, фокачата остава простор за вашата креативност, а нејзиниот вкус ќе ве маѓепса вас и вашите најблиски!

СОСТОЈКИ:

  • 375 г брашно
  • 15 г свеж квасец
  • 5 г сол
  • ½ лажичка шеќер
  • 100 мл топла вода
  • екстра девствено маслиново масло
  • ароматични билки (оригано, мајчина душичка, рузмарин)
  • крупна сол

ПОДГОТОВКА:

Квасецот измешајте го со вода. Во сад ставете го брашното со солта и шеќерот, па во средина направете дупка и додајте го квасецот и остатокот од водата, па замесете тесто. Додајте малку маслиново масло, за полесно да го работите тестото. Месете го на работна плоча 10-12 минути. Вратете го тестото во садот, покријте го со крпа или пластична фолија и нека стасува еден час.

Во подмачкан плех ставете го тестото и развлечете го со рацете. Намачкајте со масло и нека стасува половина час. На тестото направете вдлабнатити, попрскајте со маслиново масло, ставете сол, билки и зачини, додадете зеленчуци и украсете по желба, потоа тестото го печете во рерна 10-15 минути. На крај премачкајте ја фокачата со маслиново масло и нека отстои пет минути пред да ја послужите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот