Вкусен пијалак против надуеност и гасови, особено по прејадување

Фото: Freerange Stock

Македонската трпеза нуди толку многу вкусни деликатеси што е тешко да се одолее, поради што неретко и се прејадуваме. А сите знаеме дека поради прејадување доаѓа до непријатна надуеност. Но, не мора да се „штедите“ кога уживате во вкусните деликатеси, бидејќи ви донесуваме рецепт за пијалак со кој подуеноста ќе исчезне.

По обилен оброк речиси сите ги искусиле последиците како надуеност и гасови. Затоа, ова смути ќе се погрижи да не се чувствувате подуени по обилен оброк, а воедно ќе ве снабди со витамини.

За да ги избегнете пречките во варењето и проблемите во дигестивниот тракт, ви носиме рецепт за зелено смути кое ќе го избрка непријатното чувство на надуеност за час!

Следниве пет моќни состојки го прават овој пијалак толку посебен:

1. Ананасот го олеснува разградувањето на храната во организмот, го намалува апетитот, а благодарение на високиот удел на влакна ја забрзува размената на материите во дебелото црево (што значи порамен стомак) и е одличен извор на витамин Ц и манган.

2. Нането е познато и по своите својства што спречуваат надуеност и го подобруваат варењето. Тоа е одличен помошник во ослободувањето од чувството на тежина во стомакот, го смирува желудникот и ги спречува грчевите во желудникот и гасовите.

3. Ѓумбирот е исто така одличен помошник за гастроинтестиналните проблеми. Спречува таложење на гасовите и на грчевите во цревата. Исто така, може да ја олесни мачнината при движење, гадењето и да спречи повраќање. По консумирањето, ѓумбирот доаѓа до гастроинтестиналниот систем и ги неутрализира киселините, хормоните и токсините.

4. Куркумата е одличен антиоксидант и помага при дигестивни нарушувања како надуеност и гасови.

5. Спанаќот е богат извор на железо, калциум, витамини А, Ц и други витамини. Витамините А и Ц се заслужни за повеќето „лековити“ својства на спанаќот, а прв во низата е здравјето на циркулаторниот систем.

По желба:

Алое вера го смирува и го прочистува дигестивниот систем и помага при запек. Ова зелено растение се препорачува и за лекување чир на желудникот, синдром на нервозно црево, целијакија и Кронова болест.

Состојки за напивка што ја намалува подуеноста:

– 100 грама спанаќ
– 30 грама свежо нане
– 100 грама ананас
– половина јаболко
– 2 лажички мед
– парче свеж ѓумбир, излупен и измелен
– 1/4 лажичка куркума во прав
– 1/4 лимета
– 2 децилитри вода

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер, измешајте ги и – добар апетит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот