Вкусен италијански рецепт: Запечени канелони во кои ќе ужива целото семејство

канелони
Канелони / Фото: Profimedia

Доколку не знаете што да зготвите за ручек, нашиот предлог за денес се печени канелони полнети со мелено месо и кашкавал. Ова вкусно италијанско јадење ќе ве воодушеви со својот вкус, а бидејќи е калоричен оброк, предлагаме канелоните да ги послужите со голема чинија зелена салата.

Рецептот е многу лесен за подготовка. Ако знаете како да направите болоњезе сос, лесно ќе го совладате ова јадење во кое сигурно ќе ужива целото семејство.

Потребни состојки:

– 1 глава кромид
– 600 г мелено говедско месо
– 200 мл доматно пире
– 100 мл вода
– лажичка сол
– 250 г гауда или едам
– 250 г канелони
– 500 мл крем за готвење
– 100 г моцарела

Подготовка:

На масло се пржи ситно сечканиот кромид. Кога ќе добие убава жолта боја додадете го меленото месо и посолете. Се добро измешајте, а по 15 минути додадете ги пасираните домати и водата. Покријте и динстајте на оган уште 10 минути. Додадете 200 мл крема за готвење и половина од кашкавалот и гответе уште пет минути. Садот за печење премачкајте го со масло. Наполнете ги канелоните и наредете ги по должина на садот. Остатокот од смесата прелијте го врз канелоните, а потоа и остатокот од кремата за готвење. Одозгора посипете го остатокот од ренданиот кашкавал и моцарелата. Покријте ги канелоните со алуминиумска фолија и ставете ги во рерна загреана на 200 степени. По 35 минути печење, извадете го садот од рерна, извадете ја фолијата и вратете во рерна уште 10 минути. На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот