Вкупно 34 новозаразени од коронавирус во Албанија

Во Албанија, во последното деноноќие регистрирани се нови 34 случаи на Ковид-19 што е двојно повеќе споредено со вчера.

-Од извршените 247 тестови, позитивен резултат е покажан кај 34 од нив, што е за 19 случаи повеќе споредно со вчера. Иако денеска има голем број случаи, повеќето се асимптоматски, односно без знаци на заболување и главно се контакти со претходно заболени. Од вкупниот број новозаразени дури 18 се во Круја, кое е ново жариште на болеста, по појавата на заразени во производствен погон, стои во соопштението на Министерството за здравство и социјална заштита.

Според истиот извор во последните 24 часа оздравеле девет пациенти или вкупно до сега 403,додека не е регистриран случај на починат.

-Од почетокот на март до сега тестирани се 7.015 сомнителни случаи и потврдени се позитивни 712, односно околу 10 отсто од вкупниот број тестирани. Моментно 282 лица од вкупно заболените се активни со „Ковид-19″ и како што се гледа, процентот на закрепнување е поголем. Овој тренд продолжува да биде стабилен, наведува министерството.

Исто така информира дека во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи” на лекување се 40 пациенти, од нив осум се на интензивна терапија, од кои тројца се интубирани.

Најголем број од заболените и понатаму се од Тирана (289), потоа од Скадар (103), Курбин (83) лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот