Вкупно 267 заболени со коронавирус во Белгија, надлежните воведоа нови мерки

Фото: EPA-EFE/LUKASZ GAGULSKI

Во Белгија денеска се регистрирани 28 нови случаи на лица заразени од коронавирусот. Со тоа вкупната бројка на заболени достигна 267.

Националниот совет за безбедност денеска попладне одржа состанок на кој беа усвоени нови мерки за борба против епидемијата.

Новите мерки вклучуваат препорака за одложување на училишните екскурзии и прослави во училиштата, препорака да се забранат настани со повеќе од 1.000 лица во затворен простор, препорака до фирмите и администрациите да преферираат работење од дома. Властите не препорачуваат затворање на училиштата, а за настани што се одржуваат на отворено има само препорака за лица со здравствени проблеми, да ги избегнуваат.

Премиерката на Белгија, Софи Вилмес изјави дека властите „не сакаат да придонесуваат за анксиозноста што веќе постои”. Таа додаде дека Белгија минува во „зајакната фаза 2″ со цел да се намали ширењето на вирусот. На прашањето зошто тоа не било направено порано, таа одговори дека досега за такво нешто немало потреба. Според неа, се откриваат се повеќе случаи на лица заразени локално, лица што немале контакт со луѓе од ризичните региони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот