Санкционирани 252 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар

ПОЦ табла/ Фото: МИА

Вкупно 252 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот биле санкционирани во текот на минатата недела од ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје.

Како што информира Општината, во периодот од 8 до 15 јули со помош на специјалните возила „Пајак” на ЈП ПОЦ отстранети се 130 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор” санкционирани се 122 возила што биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во кој биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот