Вкупно 25 проценти од заразените со Ковид-19 во Романија се здравствени работници

Руско возило на брза помош превезува заболени од Ковид-19 / EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Бројот на потврдени позитивни случаи на Ковид-19 кај здравствените работници е 1.087, што е 25 проценти од сите заразени Романци се здравствени работници.

Вкупно 25 проценти од Романците заразени со новиот коронавирус се здравствени работници, соопшти денеска Федерацијата за здравствена солидарност.

Според синдикатот, стапката на инфекција кај здравствените работници е 20 пати поголема од онаа на остатокот од популацијата.

Заклучно со 7 април 2020 година, бројот на потврдени позитивни случаи на Ковид-19 кај здравствените работници е 1.087, што е 25 проценти од сите заразени Романци се здравствени работници, соопшти синдикатот.

Доцна синоќа беше соопштено и за првата жртва во редовите на медицински персонал во државата – 53-годишен вработен во Ургентен медицински центар во северниот град Суќава, каде има најмногу заразени во државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот