Вкупно 203 стартапи продолжуваат во следна фаза Стартапувај 2 – ќе се направи и проценка на ризик врз бизнисот од Ковид-19

Вкупно 203 од 235 стартап компании кои аплицираа на вториот јавен повик „Стартапувај 2″ на Фондот за иновации и технолошки развој и Светската банка ја поминаа фазата на административната проверка и преминуваат во претселекција. Фокус на овој инструмент се младите, а целта е поттикнување на истражувачките и развојните процеси за нови бизниси, со потенцијал за повисока додадена вредност.

Овие компании, како што информираат од Фондот за иновации и технолошки развој, планираат инвестиции во вкупен износ од 7,3 милиони евра, од кои над 1,6 милиони се сопствени средства, а останатите се побаруваат од Фондот и Светската банка. Побаруваниот износ е околу 4 пати повисок од предвидениот обем на средства за јавниот повик.

Од овие апликанти, 165 се нови, односно првпат поднесуваат предлог – проекти до Фондот, 33 аплицираат по втор или повеќе пати, додека само 5 се постојни корисници на средства на Фондот.

– Според анализите, овие компаниите планираат 563 нови вработувања за реализација на предложените проекти. Најголем дел од нив се микро (179) и мали (24). Доминантен е ИТ секторот, но апликации има и од 14 други области, меѓу кои маркетинг, трговија и продажба, медицина и здравство, како и угостителство, земјоделство и образование, се вели во соопштението од ФИТР.

Прочитајте и...  Бочварски: Дезинфекција пред конфекциите и во автобусите во Штип

Во него се додава дека апликантите кои продолжиле во следната фаза се со регистрирани седишта во 23 града. Во најголем дел се од Скопје, но меѓу другите има и од Штип, Битола, Кавадарци, Струга, Тетово, Охрид, Неготино, Дебар, Кичево, Кратово, Крива Паланка, Свети Николе.

Фондот, како што информираат оттаму, во соработка со Светска банка, изготви и формулар за проценка на ризиците од актуелната криза со Ковид-19 и последиците врз бизнисите. Оваа мерка ќе помогне во прецизна проценка на потребите, а ќе овозможи и поддршка и брзо прилагодување кон изменетите пазарни услови за овие компании. Проценката на ризик и предложените мерки за прилагодување од самите компании ќе бидат и составен дел од натамошниот процес на евалуација и одлуката за доделување на ко-финансирање.

Процесот на претселекција, како следна фаза, ќе се реализира во целост согласно препораките за превенција и заштита од Ковид-19, а на истиот ќе бидат ангажирани дел од над 200 домашни стручни лица, организирани во 23 области. Конечната одлука за кофинансирање ќе ја донесе Комитетот за одобрување на инвестиции, составен од пет странски експерти, а согласно утврдените критериуми за оценка: степен на иновативност, квалитет на проектот, капацитет на проектниот тим, пазарен потенцијал и влијание.

Прочитајте и...  Лам: Кинескиот предлог-законне ги загрозува граѓанските слободи во Хонгконг

Мерката за проценка на ризикот врз бизнисот, со дефинирање на прецизни мерки за брзо прилагодување во новонастанатите услови на пазарот се проширува и врз апликантите од финалната фаза од Јавниот повик за технолошки развој – редовна постапка. Фондот, во соработка со Светската Банка и други домашни и меѓународни партнери работи и на натамошни мерки што треба да овозможат итна поддршка и брзо прилагодување на бизнисот, што ќе се презентираат во следниот период. 

Прочитај повеќе

Одбиено барањето за изземање на судиите од расправата по жалбите за пресудите од „27 април”

Слободен печат

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за опоравување на економијата

Слободен печат

Тадиќ ќе излезе на локалните избори, но ќе ги бојкотира парламентарните

Слободен печат

Лекарите незадоволни од укинувањето на рестрикциите: Враќањето во нормала преку ноќ, ќе донесе нови заболени и нови жртви

Илјадници маски завршија на плажа во Сиднеј

Слободен печат

Мицкоски: Наместо намалување, ќе имаме зголемување на јавниот долг од 1,8 проценти за првите четири месеци

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ЕЦДЦ: Затворањето на границите не придонесува во спречувањето на ширењето на коронавирусот

Слободен печат

Владите ширум светот издвоија 123 милијарди долари за помош на авиокомпаниите

Слободен печат

Сообраќајка во Тетово, повредени шестгодишно дете и неговата мајка

Слободен печат

Милевски: За ЛДП 5 јули е прифатлив датум за изборите

Слободен печат

Полицискиот час од воведувањето го прекршиле 4.783 граѓани, од кои приведени се 3.110

Слободен печат

Спасовски: Кој ќе создаде поповолни услови таму ќе одат и инвеститорите

Слободен печат