Вкупно 10 руски дипломати протерани од балтичките држави

Лидерите на Балтичките земји/ Фото EPA-EFE/TOMS KALNINS

Естонија, Летонија и Литванија протераа 10 руски дипломати, соопштија денеска министрите за надворешни работи на трите балтички земји.

Литванија протера четворица, а Летонија и Естонија по тројца руски дипломати.

Дипломатите беа протерани во координиран потег, поради активности што се спротивни на нивниот дипломатски статус, но и земајќи ја предвид руската агресија врз Украина, објави на Твитер летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевикс.

Естонското Министерство за надворешни работи соопшти дека протерани тројца дипломати затоа што „директно и активно ја поткопувале естонската безбедност и ширеле пропаганда, според која е оправдана руската воена акција”, соопшти Министерството за надворешни работи во Талин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот