Вкупната бројка на починати од коронавирус во Бразил надмина 130.000

Масовни погреби на жртвите од ковид-19 во Бразил/ Фото: EPA-EFE/RAPHAEL ALVES ATTENTION: This Image is part of a PHOTO SET

Во Бразил во последните 24 часа се потврдени нови 43.718 случаи на коронавирус, а со тоа вкупниот број на заразени сега достигна 4.282.164 лица.

Во последното деноноќие во земјата од ковид-19 умреле уште 874 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи од почетокот на пандемијата надмина 130.396 лица, соопшти бразилското Министерство за здравство.

Бразил се наоѓа на третото место во светот според бројот на заразени со коронавирус, веднаш по САД и Индија, и е на второ место во светот според бројот на смртни случаи, по САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот