15 C
Скопје

Вкуно 667 пациенти се лекуваат во ковид-центрите, слободни се 384 кревети

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 411 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 32 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 26 болен, а во Куманово 53 пациенти позитивен и суспектен на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 55 пациенти, во Прилеп 73, во ковид центарот во Гостивар 4, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 17 пациент, во Кочани 6 во Кичево 8, Кавадарци 45, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Прочитајте и...  Постојат индикации дека во Србија пристигнал бразилскиот вирус: Многу млади се на респиратори

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 667 и има околу 384 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Поврзани вести

ЦГК: Државата наплатува само 8,2 милиони евра годишно за експлоатација на минералните суровини

Слободен печат

Сè за бразилскиот вид коронавирус: Колку е опасен и дали вакцините ќе делуваат?

Илинка Иљоска

Богоев: Со дигитализација и системски промени против корупција

Слободен печат

ВИДЕО| Локвенец: Кога не работи сигнализацијата, возот запира, кондуктерот излегува и го стопира патниот сообраќај

ВИДЕО | Богдановиќ: Наша задача е да провериме дали сите закони и правила на игра се испочитувани околу парцелата кај Холидеј ин

Слободен печат

Документот на Јанша за завршување на распадот на СФРЈ, доставен преку тајни канали, повикува и на враќање на Груевски

Слободен печат

Остави Коментар