Вклучете ги и вашите деца во активностите кога готвите: Со овие пет намирници ќе им ја „разбудите“ креативноста!

детски прибор, вилушки
Rui Vale de Sousa / Panthermedia / Profimedia

Ако имате пребирливи мали јадачи дома – еве ви пет намирници со кои ќе им го „разбудите“ апетитот, но и креативната страна.

Доколку често се замислувате какви оброци му подготвувате на вашето дете, и дали му давате доволно разновидна храна, прочитајте ги основните пет важни намирници кои можат да ви бидат водилка во секојдневните идеи.

Конзумирањето на нутритивно богата и висококвалитетна храна во исхраната на вашето дете е клучна за функција на мозокот, когнитивниот развој, па и за подобро однесување во училиште. Децата освен што треба да бидат упатени во тоа што го јадат, треба да ги вклучувате и во процесот на подготовка, секако безбедно, како ваши „помошници“ додека пример, правите салата, супа или некое поедноставно јадење.

Кои се петте намирници што треба да ги имате на дофат во вашата кујна?

Протеини

Под протеини не се подразбира само месо, туку и сирења, млечни производи како путер, урда, ќефир. И тоа месо најдобро свежо, подготвено во чорби, печено или динстано. Сирењето секогаш можете да го вметнете во појадок или со пржени лепчиња, во сендвич во комбинација со путер и варено јајце. Протеинот е важен за стабилизација на шеќерот во крвта, а го има и во јаткастите плодови и семки. Кога ќе им подготвувате сендвич за на училиште на вашите деца, одберете полнозрнест леб, намаз од лешник или путер од кикирики и дајте му на детето само да си го подготви појадокот.

Риба

Омега 3 масните киселини се императив за работа на мозокот и се основно гориво. Масните риби како што е лососот или туната, се одличен избор за вашето дете. Лососот можете да го печете на скара или на пареа за ручек, а намаз од туна е одличен избор за појадок. Омега масните киселини помагаат и кон ублажување на симптомите на депресија, кажуваат неодамнешните студии.

Лисест зеленчук

Знаеме дека децата не се баш љубители на зеленчукот, но тоа може да е само лоша генерализација. Спанаќот, прокељот, руколата, блитвата, копривата во секојдневната исхрана на вашето дете може да направи голема разлика. Деца кои страдаат од слабокрвност, можат да конзумираат вакви салати или смутиња во кои ќе им „подметнете“ лист спанаќ или блитва и коприва. Најдобро е ако измешате банана, грст суво грозје, малку авокадо, вода и лист сиров спанаќ. Баната и грозјето ќе доминираат, а ќе го дополнат смутито.

Бобинки и црвено овошје

Сите тие боровинки, јагоди, капини, малини се најздрав избор за конзумирање овошје. Во нив има многу антиоксиданси кои го намалуваат стресот и помагаат во разложувањето на шеќерите и воспалителните процеси. Домашен џем од било кое од овие овошја без шеќер е супер опција премачкана на лепче, а можете да му направите на детето и здрави палачинки од овес, а тоа да ги украси со овошје. Исто така можете да направите и смути заедно.

Profimedia
Фото: Профимедиа

Исхрана во сите бои

Црвени и зелени пиперки, морков, брокула, грашок, домати… Сите овие зеленчуци се богати со влакна, витамин Ц и витамин А. Свежи или приготвени во супа, чорба, се одлична можност за стоплување на детското меше и подобрување на работата на цревата.

Кога ќе готвите, вклучете го и вашето дете во активноста, купете мали секачи со форма на цветчиња, срциња, диносауруси и вадете форми од парчиња морков, пиперка, домат и пробувајте и играјте си со боите. Вашето дете ем ќе јаде, ем ќе се забавува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот