Вјоса Османи од Преказ: Се знае кој стори злосторства во Косово

Вршителката на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи денес оддаде почит на жртвите на ОВК во меморијалниот комплекс во Преказ.

Таа на новинарско прашање за последните случувања во земјата од страна на Специјалните единици и обвинението против поранешните водачи на ОВК рече дека Косово не се плаши од вистината и дека се знае кои се оние што сториле злосторства.

„Тие злосторства ги изврши Србија и беа извршени пред очите на целиот свет“, рече Османи.

„Тука можеме да видиме директни докази за човечки злосторства и геноцид извршени од Србија на Косово“, додаде таа.

Вјоса Османи ја презеде функцијата вршителката на должноста претседател на Косово по оставката на Жашим Тачи.

ВИДЕО: ЕУЛЕКС ги претресува куќите на Тачи, Селими и Весели, косовски аналитичар објави и кои се другите обвинети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот