Вјоса Османи да биде министерка за надворешни работи или претседателка на косовското Собрание, предлага Курти
Лидерот на Самоопределување и кандидат за премиер на Косово, во интервју за „Опинион“ во ТВ Клан изјави дека Демократксиот сојуз на Косово прифатил во принцип да влезе во коалиција со нив за создавање на новата Влада.
Албин Курти запрашан за функциите кои би можел да му ги понуди на ДСК, рече дека на претседателот на ова партија, Иса Мустафа може а му ја понуди и претседателската функција.
Запрашан околу функциите за Вјоса Османи, тој рече дека таа сакала да биде премиер, па сега ќе треба да се разгледуваат други опции.
– Јас верувам дека и следува на госпоѓата Османи да зборува, таа сакаше да биде премиер сега треба да видиме кој е планот Б. Јас не знам кој е планот Б. Јас имав многу добра соработка со госпоѓата Османи како колеги пратеници, верувам дека заедно добро ќе владееме. Јас верувам дека како министерка за Надворешни работи, како претседателка на Собрание ќе биде подобро – изјвил Курти.
На прашањето дали ќе го разрешат Хашим Тачи од претседателската фунцкија, тој вели дека тие од пред некое време побарале вакво нешто, но дека се уште немаат гласови за да го разрешат.
Инаку Османи заедно со лидерот на ДСК денеска се очекува да остварат средби со Курти.