Витректомија – микрохируршки зафат за третирање разни повреди на окото

Различните повреди и оштетувања на ретината на окото, денес се лекуваат со зафат познат како витректомија. Овој зафат е сосема безбеден и безболен, а се изведува и кај дијабетичари

Една од најсложените интервенции во офталмологијата е витректомијата, која се изведува на задниот сегмент на окото, низ четири мали отвори (помали од 1мм) на белката од окото, низ кои се влегува до стаклестото тело и тоа се отстранува, па се заменува со специјален гас или силиконско масло, а дупчињата се затвораат со ласер.

Дијабетична ретинопатија

Состојби при кои се изведува овој сложен, но минимално инвазивен зафат, се најразлични, почнувајќи од дијабетична ретинопатија, до одлепување на ретината и други повреди на окото.

– Дијабетичната ретинопатија е оштетување на ретината (внатрешната обвивка на окото) како резултат на дијабетес. Ретината ја прима светлината што влегува во окото и ја претвора во електричен импулс, кој потоа се пренесува низ очниот нерв до мозокот каде што се формира сликата. При дијабетична ретинопатија доаѓа до оштетувања на малите крвни садови во ретината и нервните клетки, а тоа се решава со витректомијата – вели д-р Илир Османи, специјалист офталмолог и хирург во „Систина офталмологија“.

Аблација на ретината

Друга состојба што се лекува со витректомија е аблација на ретината, односно одлепување на мрежницата. Таа е резултат на навлегување очна водичка низ мало дупче на ретината, кое постепено се шири и ја подигнува околната ретина. Низ него поминува очната водичка и целосно ја одлепува ретината од очната позадина. Ова е итна состојба, која мора да се оперира во рок од 24 часа, а првите симптоми се појава на светкања како молњи и црни точки во видното поле. Понекогаш може да се појави и мала количина на крв во стаклестото тело. Состојбата се влошува со појава на перде во видното поле. Кога одлепувањето ќе стигне до центарот на видот, за еден до два дена видот значително се намалува и лицето не може да чита, ниту да препознава други лица.
Исто така, повреди на очите настанати од удар на окото со тврд предмет, тениско топче, тупаница и слично, се решаваат со виткректомија.

Прочитајте и...  Вкусови што се памтат: Грчка кујна – Грчка пита (РЕЦЕПТ)

– Ударот на окото со тврд предмет може да ги оштети очите, очните капаци и очните мускули, па дури и коските што го опкружуваат окото. Ако повредата на окото е блага, очните капаци може да станат отечени и да се појави модринка. Доколку окото не е повредено, модринката поминува по неколку дена. Ако повредата е потешка, може да се појави крвавење во внатрешноста на окото, како и појава на трауматска катаракта. Во некои случаи, може да има и зголемен очен притисок и да доведе до оштетување на видот – вели докторот и потенцира дека во текот на операцијата се отстранува стаклестото тело, кое потоа се надоместува со нормалната очна водичка, која окото самостојно ја произведува и нормално функционира.

Прочитајте и...  Немате 500 евра во џеб, а носите брендирана облека: Марија Шерифовиќ без влакна на јазикот!

На крајот на операцијата во окото се става гас или силиконско масло за да ја држи ретината прилепена додека таа целосно не се залепи. Предност на гасот е што самиот излегува од окото и после 2 до 6 недели не е потребно да се оди на дополнителна операција за вадење. Во случаите кога аблацијата не е навреме откриена или е комплицирана, се става силиконско масло, кое потоа се вади од окото за неколку месеци (3-6 месеци), но некогаш може да остане и подолго време.
Окото по операцијата, која може да се изведе со локална, некогаш и со целосна анестезија, не е црвено и болно, а закрепнувањето е брзо. Потребно е да се става терапија со капки и маст во текот на две до три недели, а окото мора да биде затворено само еден ден. Контролните прегледи се закажуваат еден ден после операцијата, седум дена после операцијата и 2 до 3 недели по интервенцијата. По 10-тина дена кај едноставните повреди, пациентот може да се врати на секојдневните активности. Во текот на тие 10 дена потребно е пациентот да мирува и да лежи во положба која ќе ја препорача лекарот, додека работа на компјутер, гледање телевизија, читање, е дозволено со користење на другото око.

Повторување на зафатот

Зафатот може да се повтори ако дојде до повторно одлепување на рожницата или крвавење, секако и кога треба да се извади силиконското масло. Сепак, лекарите предлагаат редовно да се оди на контролни прегледи со кои би се откриле различни состојби на окото и би се реагирало со нивно третирање, за да се подобри состојбата, пред да се премине на витректомија.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Сакаше да ја запроси, па доби удар во глава: Но, погледнете го крајот!

– Доколку се оди на редовни прегледи ќе може редовно да се следи и да се утвди која било промена на окото. Особено е значајно прегледот да опфаќа ширење на зеници, бидејќи на тој начин може да се види задниот сегмент на окото, кој е, всушност, индикатор доколку постои некаков проблем. Ширењето на зеници се прави со ставање капки во окото, не трае повеќе од половина час, не е болно, само може да има мало печење, што е нормално – вели соговорникот д-р Османи и додава дека кај развиена дијабетична ретинопатија пред да се премине на интервенција постојат помалку инвазивни начини на лекување што се мошне успешни.

Тие подразбираат апликација на инјекции и друга терапија со кои освен стабилизација на состојбата на ретината има и подобрување на видот. Како дополнителен метод се користи ласерфотокоагулацијата. Со сите овие третмани се постигнува уништување на новоформираните абнормални крвни садови, како последица на дијабетичната ретинопатија, кои пукаат и крвават, со што го уништуваат ткивото на ретината и ја спречуваат здравата циркулација.

Поврзани вести

„Безвременска“ е новиот хит на Тарабунов!

Слободен печат

Вкусови што се памтат: Грчка кујна – Грчка пита (РЕЦЕПТ)

Слободен Печат

Не фрлајте ја кората од портокал – Доколку се користи вака, го лекува срцето, ги смирува воспаленијата, го регулира притисокот!

Слободен Печат

ФОТО| Со кристали и 10 000 бисери: Погледнете како изгледала венчаницата на Елизабета Втора

Слободен печат

ФОТО: Лила Филиповска на ручек во скопската ЗОО и тоа погледнете со кого!

Време е да почнете да додавате коприва во вашата исхрана, еве зошто

Слободен Печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian