Витиа: Нема нови случаи на заразени од коронавирус во Косово, два лекови се покажуваат успешни

Во Косово во изминатите 24 часа не е регистрирано ниту едно ново заболено лице од коронавирусот. Министерот за здравство, Арбен Витиа истакна дека досега тестирани се над 320 луѓе, додека позитивни на вирусот биле 20 лица.

– Во молекуларната микробиологија има околу 1.000 тестови и вчера се нарачани околу 7000 нови тестови, додека се планира да се нарачат и други. Обезбеден е и апарат за реализирање на тестовите во реално време, кој што треба да пристигне утре. Информациите од Клиниката се дека пациентите што се третираат таму се во стабилна состојба освен пациентот кој е во стари години и кој од време на време се третира со кислород, рече Витиа.

Тој додаде дека два вида на лекови имаат позитивен ефект во лекување на коронавирусот.

– Вчера и денеска ги добивме првите информации дека Ремедесивир и Пиравир се покажале успешни во лекувањето на заразените. Денеска се контактирани производствените компании и амбасадите и се надевам дека ќе пристигне контингент на овие лекови што побрзо, додаде Витиа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот