Витаминска бомба: Освежителна медитеранска салата за топлите денови

салата
Фото: Pixabay

Салатата одамна не е само порција зелка, туку е многу побогат микс од сите потребни нутриенти кои можат да заменат цел еден оброк и да ве заситат. Ќе ја добиете потребната доза на витамини и протеини, а подготовката е брза и многу едноставна.

Оброк салатите се идеални за летниот период бидејќи содржат свежи состојки, може да се сервираат ладни и затоа се супер избор за топлите летни денови кога ни треба храна која е освежителна и хранлива.

Потребни состојки:

– 500 г тестенини по ваш избор, (пр. тортелини полнети со рикота)
– 500 г свеж спанаќ,
– 2 моркови,
– 200 г домати,
– 150 г пармезан,
– сол и бибер,
– маслиново масло
– ленено семе

Начин на подготовка:

Сварете ги тестенините по ваш избор и исцедете ја водата. Спанаќот измијте го, кратко пропржете го на маслиново масло, додајте ги морковите и доматите и убаво измешајте ги со тестенините. Зачинете со сол и бибер, ставете малку маслиново масло, посипете со рендан пармезан и ленено семе и убаво измешајте. На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот