Витамини во тегла

Во периодот на вирози и разни други заболувања треба да се наполни организмот со витамини и минерали. Во овој период кај многу луѓе може да дојде и до паѓање на крвната слика, а ова нарушување се манифестира преку сонливост, недостаток на енергија и тромост на телото. Во тој случај неопходно е да се зголеми внесот на железото.

„Витамините во тегла“ се препорачуваат за замор, за подобрување на крвната слика, закрепнување по долга болест, за лицата кои работат тешка физичка работа, лицата на кои им е извадена слезинката, како и на оние кои имаат слаб имунитет.

За подготовка на „витамините во тегла“ потребни се следните производи во свеж облик: 4 парчиња цвекло, 4 моркови, 3 јаболки, 1 целер, 1 лимон, сок од два лимони и шест лажици мед.

Подготовка:

Цвеклото, јаболките, морковот и целерот излупете ги, лимонот добро измијте го и сите состојки изрендајте ги или измелете ги. Додадете го сокот од лимонот и медот. Измешајте и ставете ја смесата во тегли и чувајте ја на ладно место, најдобро во фрижидер.

Земајте секој ден по три пати, половина час пред јадење, по една лажица од оваа мешавина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот