Виталиј и Наталија Кличко се разведуваат среде војна, по 25 години брак

виталиј кличко
Виталиј и Наталија Кличко / Фото: EPA/BODO MARKS

Градоначалникот на Киев и поранешен боксер Виталиј Кличко разведува од сопругата Наталија по 25 години брак.

„Одлуката за развод беше заемна“, изјави Кличко за украинските медиуми.

Тој додаде дека тој и неговата сопруга со години живеат во различни земји, но и понатаму се во добри односи.

„Долги години имавме различни интереси и различни животи. Решивме да го официјализираме тоа. Сè уште имаме добри односи, се почитуваме, децата се веќе пораснати, а животот продолжува“, заклучил тој.

Виталиј и Наталија Кличко се венчаа во април 1997 година и добија три деца – синовите Јегор-Данијела и Максим и ќерката Елизавбета-Викторија.

Додека тој се занимаваше со бокс, Наталија беше со Витали на секој меч. Таа го поддржа и во 2014 година, кога се кандидираше за градоначалник на Киев.

виталиј кличко
Виталиј и Наталија Кличко / Фото: EPA/SERGEY DOLZHENKO

Наталија се испроба како пејачка и текстописец. Таа се занимава и со хуманитарна работа, а имајќи предвид дека парот долго време живеел во Германија, од 2010 година е вклучена и во работата на Советодавниот одбор на германската хуманитарна фондација „Phytokids“. Таа на социјалните мрежи открива дека е учителка по јога и медитација.

Видео на денот