Вистинското лице на Иванка Трамп: Нејзината најдобра другарка откри дека е многу лицемерна

epa05173114 Ivanka Trump (R), daughter of Republican presidential candidate Donald Trump (L) thanks supporters celebrating her father's victory in the South Carolina Republican primary in Spartanburg, South Carolina, USA, 20 February 2016. Billionaire businessman Donald Trump was the projected winner of the Republican primary in the southern US state of South Carolina. EPA/RICHARD ELLIS

Лисандра Охстром беше најдобрата пријателка на Иванка Трамп, во времето кога заедно оделе на на училиште, но и долги години подоцна. Иако, како што вели, е свесна дека ќе ја карактеризира како лицемерна, таа реши да сподели со сите каква е всушност Иванка.

Instagram

Ќерката на Доналд, Иванка Трамп (39) според многумина наликува на нејзиниот татко, па можеби не е изненадувачки што и недостасува чувство за емпатија, што ја покажува се повеќе во текот на нејзиниот живот и работа.

принтскрин/Youtube

Во текстот објавен од „Vanity Fair “, новинарката Лисандра Охстром, која беше и деверуша на свадбата на Иванка и своевремено нејзина најдобра пријателка, опиша како ќерката на Трамп отсекогаш била опседната со сопствениот статус, а вината за сите нешта обично ја наоѓала кај другите.

принтскрин/Youtube

Таа го имаше радарот за статус, пари и моќ наследен од нејзиниот татко, како и инстинкт на Доналд да „фрли друг под автобус“, ако тоа е начин самата да се спаси од некоја ситуација, рече Охстром.

Instagram
Instagram

Таа, исто така, се присети на некои моменти кога таа и Иванка биле на дваесетина години, а еден новинар и пријател и препорачал на Иванка да ја прочита книгата на Ричард Русо, „Царски водопади“, која е многу познато дело и добитник на Пулицеровата награда.

принтскрин/Youtube

Откако Иванка ја прочитала книгата упатила бесна критика за препораката до новинарот:

Зошто ми ја препорача? Не сакам да читам за сиромашните. Што мислите, кој дел точно може да ми биде интересен овде во оваа книга?, го прашала тогаш Иванка.

Profimedia

Лисандра и Иванка биле најдобри другарки од училишните клупи, но во последните десет години ја оладиле својата врска и не се во контакт. За Доналд напишала дека тој никогаш не се сеќавал на нејзиното име за време на посетата на нивниот дом, но секогаш забележувал дали таа ќе се здебели, ќе ослабе или ќе биде средена и нашминкана.

PHOTOlink / Everett / Profimedia

Таа исто така пишува дека Доналд бил уште тогаш опседнат со Иванка и со тоа дека неговата ќерка е најубавата и најпопуларната девојка во училиштето.

Меланија ја нарече Белата куќа циркус, а Иванка Трамп – змија: Биографијата на Волкоф очекувано крена прашина (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот