Вистинско време за дневна доза витамин Ц

Фото: Flickr

Витаминот Ц е моќен антиоксиданс, кој може да го забрза закрепнувањето од настинка, или зараснувањето на раните, од ситни повреди до оние после операција.

Но за да извлечете најголема корист од овој суплемент, витаминот Ц би требало да го земате во вистинско време во текот на денот.

Познат и како аскорбинска киселина, витаминот Ц е растворлив во водата. Тоа значи дека лесно се апсорбира и во ткивото.

За разлика од витамините растворливи во масти, оние кои се растворливи во вода не се складираат во организмот, па неопходно е редовно да се внесуваат, а тоа важи и за витаминот Ц.

Имате две опции: да се погрижите да јадете доволно намирници кои се добри извори на овој витамин, како што се цитрусното овошје, доматите, магдоносот, ренот, зелената пиперка, зелен лиснат зеленчук, коприва, спанаќ, јагоди, вишни, зелка, кељ и др. или да пиете суплементи.

Вишокот витамин Ц, исто како и останатите витамини растворливи во вода, се исфрла преку урината.

Препорачаната дневна доза за мажите е 90 милиграми витамин Ц, додека за жените е 75 милиграми, а доколку пушите, додадете уште 35 милиграми.

Кој е најдобриот период од денот за земање на суплементот витамин Ц?

Тоа е прилично едноставно, вели д-р Роберт Зембровски.

„Важно е да го земате отприлика во исто време секој ден, но секогаш по оброкот. Витаминот Ц е многу кисел, па така може да предизвика мачнина ако го земате на празен стомак“, објаснува тој.

Не е лошо ниту тоа препорачаната дневна доза да ја земате во два дела. Така организмот подобро ќе го искористи овој витамин, а ќе ја намалите и веројатноста да ви биде мака или да ви се појави киселина.

Освен тоа, нивото на овој витамин во крвта на тој начин ќе биде избалансиран во текот на целиот ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот