ВИСТИНСКО ЧУДО: Куче спасено ЕДЕН МЕСЕЦ по ураганот Доријан (ВИДЕО)

Фото: Фејсбук

Спасителите биле во целосен шок кога на Бахамите, во подрачјето на целосно уништено од ураганот Доријан, пронашле едвај живо куче.

Женката ги пуштила спасителите да и пријдат, меѓутоа била толку изгладнета што веројатно немала сила да се помести и да не била заглавена под клима уредот кој ја имал приклештено.

Иако станува збор за група на искусни луѓе, кои од ова загрозено подрачје успеале да спасат повеќе од 100 кучиња, не можеле да веруваат дека пронашле животно кое преживеало месец дена заглавено и неподвижно.

На почетокот и се доближиле полека, и понудиле малку храна, а потоа спасителот ја подигнал и однел на сигурно.

Малку е да се рече дека кучето било коски и кожа, но желбата да живее била толку голема што ова животно дозволило на своите спасители да и доближат и да ја однесат на третман во клиника.

Со оглед на тоа дека е право чудо што е воопшто пронајдена жива, спасителите ја крстиле Мирикл (чудо), и се надеваат дека ќе успее да закрепне. Исто така се надеваат и дека ќе успеат да ги најдат нејзините сопственици, но и да не успеат, ќе се погрижат Мирикл да добие топол дом и љубовта која ја заслужува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот