Вистинските Рик и Морти: Средбата на двајцата актери ги разнежни корисниците на социјалните мрежи! (ФОТО)

Оваа недела, ѕвездите на филмовите „Враќање во иднината“ – Кристофер Лојд и Мајкл Џеј Фокс, разбудија носталгија кај фановите со само една фотографија.

Двајцата актери повторно се обединија за една хуманитарна партија покер, а во таа прилика и двајцата објавија заедничка фотографија на своите профили на Инстаграм.

Фановите веднаш се јавија во коментари пишувајќи „Какви легенди“ и „Вистинските Рик и Морти“, но и разни цитати од популарната футуристичка франшиза.

Двајцата актери се сретнаа на овогодинешниот турнир во покер во организација на фондацијата на Мајкл Џеј Фокс за истражување на Паркинсоновата болест.

Овој актер ја основаше фондацијата во 2000 година, откако му беше дијагностицирана Паркиносовата болест девет години порано.

Лојд и Фокс останаа блиски пријатели и по снимањето на трите дела од „Враќање во иднината“, кои набргу добија култен статус во поп културата.

Фокс кој имаше само 29 години кога му беше воспоставена оваа дијагноза, ја најави својата четврта книга, во која пишува за болеста, здравјето и стареењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот