ВИСТИНСКИ СПЕЦИЈАЛИТЕТ: Малиџано, познато и како зелен ајвар (РЕЦЕПТ)

малиџано
Фото Профимедиа

Малиџаното е уште една зимница со долга традиција на подготовка во Македонија.

Иако малкумина знаат, подготовката на оригинално малиџано се прави исклучиво се зелени ајварски пиперки.

Потребни состојки:

12 кг зелени пиперки
10 кг црн патлиџан
2 литри масло за јадење
150 гр шеќер
130 мл вински оцет
3 лажици сенф
2 лажици сол
1 лажица шеќер

Подготовка:

Најпрвин убаво измијте ги и испечете ги модрите патлиџани и пиперките.
Откако ќе завршите со нивното печење, започнете со лупењето а потоа убаво измелете ги со машинка за мелење на месо.

Добиената смеса, истурете ја да се пржи во поголемо тенџере во кое претходно сте загреале мешавина од масло, оцет, сол и шеќер.
Пржете околу 3 часа а пред малиџаното да биде готово, додадете му го сенфот.

Најверојатно од оваа количина на пиперки и модри патлиџани ќе добиете околу 10 тегли.
Врелото малиџано се собира во врели тегли, кои се виткаат со крпи за постепено да се изладат и да се вакумираат за да можат се разбира да бидат квалитетни за јадење во текот на зимскиот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот