Вистински потег на Хендерсон: Ги собра сите капитени во Премиер лигата

фото: твитер

Додека челниците на екипите во Премиер лигата одлучуваа за сезоната, капитенот на Ливерпул ги собра останатите капитени на екипите за да најдат начин како да им се помогне на загрозените од коронавирусот.

Една од одлуките на состанокот на екипите од Премиер лигата беше да им се намалат платите на фудбалерите за да им се помогне на останатите вработени во екипите и тие да ги задржат своите работни места, а воедно и да не им се крати од платите.

Овој потег на капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон доашѓа откако медиумите поведоа вистинска хајка против челниците на Њукасл и на Тотенхем кои им ги намалија платите на сите вработени, освен на фудбалерите.

Медиумите во Англија се гневни на Тотенхем пред се, бидејќи претседателот Даниел Леви им ги намали платите на работниците кои заработуваат во 2.500 фунти месечно, но не и на фудбалерите кои имаат неделни плати од 100.000 до 300.000 фунти.

Останатите екипи од самиот почетокот на кризата им даваа цели плати дури и на работниците кои се ангажирани само за викендите кога екипата игра на домашен терен. Трошоците за ваквите плати на хонорарните работници за секој клуб се проценува дека изнесуваат околу милион фунти додека трае паузата во Премиер лигата.

Министерот за здравство директно ги посочи фудбалерите и ги повика да ги прифатат намалувањето на платите. Од друга страна, Министерот за работа ого одобри намалувањето за 20 проценти на лицата кои имаат плати поголеми од 2.500 фунти месечно.

Министерот за здравство посебно го разбесни изјавата на фудбалерот на Кристал Палас, Таузенд:

Фудбалерите и фудбалот глобално прават многу добри работи. И утрово станувами гледам дека министерот не претставил нас фудбалерите како дивјаци. Тој ја пренесува вината и одговорноста на фудбалерите што мислам дека не е исправно. Неговата одговорност се луѓето вработи во здравствениот систем и тие луѓе со години работат за мизерни плати“, рече Таузенд и дополнително ја разгневи англиската јавност.

Со цел да се намалат тензиите, капитенот на Ливерпул денеска одржа состанок со сите капитени на премиерлигашите за да се пронајде начин како да им се помогне на најзагрозените.

Според Би-Би-Си и останатите медиуми, капитените начелно се договориле да се основа фонд во кој веднаш би легнале неколку милиони фунти донации од играчите, а тој би бил наменет за болниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот