Вистинска реткост: Никол Кидман на доделувањето на „Златните глобуси“ се појави со своите ќерки и сопругот

youtube
принтскрин

Никол Кидман ја изненади публиката кога за време на доделата на „Златните глобуси“ се појави во друштво на своите најблиски.

Облечена во фустан од Луј Витон, Кидман се појави во шоуто од нејзината дневна соба, а покрај неа седеа нејзиниот сопруг Кит Урбан, но и нивните две ќерки.

Нивните две ќерки, 12-годишната Сандеј Роуз и 10-годишната Фејт Маргарет, славниот пар се обидува да ги држи подалеку од очите на јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman)

Во интервју за австралиското издание на списанието „Marie Claire“ во ноември минатата година, актерката откри дека нејзиниот сопруг, пејачот Кит Урбан, повремено се повлекува од нивното „женско семејство“.

Дефинитивно сме суперирони, но како што велат девојчињата, нашето куче е машко. Понекогаш бега со својата гитара, а кога ќе го најдам како свири во неговата соба, едноставно знам дека мора да му дадеме малку простор“, изјави Никол.

Како славни личности и родители со постојани меѓународни ангжамани, Никол вели дека иако со Кит тешко балансираат помеѓу родителските одговорности и кариерата, децата никогаш не ги оставаат сами и дека барем еден родител е секогаш со нив.

„Кога Кит отиде во Нешвил, а јас морав да работам до доцна навечер, ја замолив мојата сестра Антонија да се пресели кај нас. Таа го направи тоа, ги донесе и своите деца, тоа беше нешто посебно искуство“, рече актерката, додавајќи дека нивниот живот се повеќе личи на комуна или на пошироко семејство во кое сите заедно ги воспитуваат децата.

Сите моравме да се вратиме на почетокот, а изминатата година беше навистина предизвикувачка бидејќи на сите ни требаше помош“, вели Кидман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот