Вистинска гордост: Ученици од нашата држава освоија медали на третата Балканска олимпијада по физика

Третата Балканска Олимпијада по физика е организирана од Балканското унија на физичари и Бугарското друштво на физичари / Фото: МИА

На третата Балканска олимпијада по физика, што се одржа од 24 септември до 2 октомври, сите ученици кои ја претставуваа нашата држава добија медали. Сребрен медал добија учениците Јан Стојановски – втора година во ПСУ „Јахја Кемал” во Скопје и Мајкл Георгиевски – трета година во гимназијата „Добри Даскалов” во Кавадарци.

Бронзени медали добија ученичките Емилија Николовска – втора година во „Математичко – информатичка гимназија” и Сандра Недановска – трета година во ПСУ „ Јахја Кемал”, и двете од Скопје.

Водачи на тимот на Третата Балканска Олимпијада беа м-р асс. Христијан Кочанковски – лидер и проф. д-р Ламбе Барандовски – заменик лидер.

Третата Балканска Олимпијада по физика е организирана од Балканското унија на физичари и Бугарското друштво на физичари.

Поради ковид-пандемијата Oлимпијадата се одржа на далечина, а локални организатори беа Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ) и Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

На Oлимпијадата учествуваа 57 ученици од нашата држава, од Србија, Црна Гора, Грција, Кипар, Турција, Романија, Бугарија, Албанија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Словенија, Туркменистан, Казахстан и Иран.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот