Вистинска атракција: Спајдрмен, Бетмен и Супермен ги израдуваа дечињата на Детска клиника (ГАЛЕРИЈА)

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Јасин Буши, Оливер Петрески и Саша Цветковски, маскирани во супер хероите Супермен, Спајдермен и Бетмен денеска ги израдуваа децата кои престојуваат на детската клиника во Скопје.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Суперхероите Спајдрмен, Бетмен и Супермен ги посетија децата кои се лекуваат на Клиниката за детски болести, им подарија на дечињата новогодишни пакетчиња, а нивната радост се гледаше во нивните кротки очиња.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

-Чувството не може да се опише со зборови. И лани беше исто, децата беа пресреќни- рекоа хероите.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Последниве неколку години дечињата кое се лекуваат во Државна болница, поточно на детската клиника, не се заборавени и овој новогодишен период е резервиран токму за нив.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Секоја година успешно се спроведува оваа акција, на која се радуваат не само малите, туку и возрасните кои сведочат на овој интересен настан.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот