ВИСТИНИ И МИТОВИ: Користите ли паста за заби во вашите рутини за убавина?

Фото Профимедиа

Пастата за заби треба да се користи токму за она за што е наменета – за миење на забите.

Затоа, размислете уште еднаш пред да ја нанесете на акните или да ја употребите во каква и да е друга козметичка цел.

Секако, нема кој не чул дека малку паста за заби ќе го смири воспаленото мозолче. Но, ви советуваме сепак да не го правите тоа.

Сите производи за орална хигиена имаат силни својства на сушење. Иако тоа веднаш ги смирува мозолчињата, всушност дерматолозите сметаат дека пастата го нарушува ПХ-балансот на површинскиот слој на кожата, ја иритира, па дури и може да предизвика промени во пигментацијата.

Според нив, најефикасни средства за нега на лицето се токму оние кои се наменети за тоа и кои содржат состојки кои се безбедни за вашата кожа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот