Вистината за снимките од „пазарот на ужасот“ во Вухан: Станува збор за пазар во Индонезија (ВИДЕО)

Кога ќе ја пуштите снимката, веројатно вниманието ќе ви го одземе тоа што сѐ се наоѓа на тезгите, во кафезите и во ќесите, па затоа многу и не ги приметиле бројните купувачи. Да обрателе внимание, ќе разбереле дека не станува збор за Кинези.

Смртоносниот коронавирус кој се прошири од кинескиот град Вухан, досега уби 362 лица. Вирусот потекнува од пазар во провинцијата Хубеи, каде се продава месо од најразлични видови животни.

Изворот на заразата се дивите животни, а како што пренесуваат повеќе медиуми изворот е точно овој пазар, кој е многу неуреден и на кој се продава месо од змии, коали, кенгури и уште многу други животни.

На социјалните мрежи постојат бројни фотографии и снимки кои докажуваат дека условите на овој пазар се многу нехигиенски. Сепак, снимката која предизвика најмногу внимание и која го покажува пазарот на кој се продаваат мртви стаорци и змии, а се гледаат и кучиња во кафез, е лажна информација, бидејќи воопшто не се работи за Кина.

Кога ќе ја пуштите снимката, веројатно вниманието ќе ви го одземе тоа што сѐ се наоѓа на тезгите, во кафезите и во ќесите, па затоа многумина и не ги приметиле бројните купувачи. Да обрателе внимание, ќе разбереле дека не станува збор за Кинези, туку за Индонезијци.

Станува збор за пазар во Индонезија

Ако се обидете оваа снимка да ја најдете на Фејсбук, оваа социјална мрежа веднаш ќе ве предупреди дека станува збор за лажни вести „fake news“ и ќе ве упати на текст во кој се објаснува дека глетките на пазарот се забележани во Индонезија.

Снимката е направена на пазар во Лангован, што и пишува на почетокот на снимката „Pasar Estream Langowan“.

Исто така, доколку видеото го побарате на Јутјуб каналот ќе забележите дека е објавено и во декември 2019 година.

Што е можно да се види во Вухан?

Пазарот со морски плодови во Вухан е многу повеќе од „рибји пазар“ бидејќи таму, покрај мртви животни, можат да се забележат и птици, зајаци, стаорци, лилјаци, змии и други рептили, магариња, камили, па дури и мајмуни.

Месарите често ги убиваат животните пред самите купувачи, па така глетките од овој пазар се прилично морничави.

Епидемијата на САРС која исто така изби во Кина во 2002 година и уби 774 луѓе, најверојатно исто така потекнува од ваков пазар.

Неверојатни глетки: Стравувањата од коронавирусот ги принуди Кинезите на драстични мерки (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот