Вистината за куркумата: Дали овој магичен зачин навистина лекува и може секој да го консумира?

pixabay
Куркума / Пиксабеј

Дали куркумата навистина е суперхрана или суперзачин како што тврдат многумина? Интернетот е преполн со информации, но дали овој неверојатен зачин кој има скоро магична моќ може навистина да лекува каква било здравствена состојба?

Куркумата може да се нанесува надворешно, како и да се внесува во смути, чај, млеко и разноразни јадења.

Нутриционистот, готвач и писател Робин Милер предупредува дека куркумата содржи важен антиоксиданс наречен куркумин, а оваа супстанца сочинува само 3 до 4% во познатата форма на куркумата во прав. Куркуминот кој се наоѓа во куркумата многу слабо се апсорбира во крвотокот. Затоа подобро е да инвестирате во добар додаток на куркума, советува таа.

unsplash
Милер советува дека доколку размислувате да земете додатоци на куркума, прво треба да се консултирате со вашиот лекар. Како што вели таа ако добиете зелено светло, потоа треба да направите мудар избор.

Она што треба да го барате е додаток кој содржи 95% куркуминоиди. Таа советува дека вашето тело може поефикасно да го апсорбира куркуминот кога е комбиниран со црн пипер. Црниот пипер содржи природна супстанција наречена пиперин која може да ја зајакне апорбацијата на куркумин за 2.000%.

Што се однесува до соодветната доза, нутриционистката вели дека Светската здравствена организација препорачува доза е 1,4 мг на килограм телесна тежина.

Робин вели дека иако некои студии покажуваат дека консумирањето на 500+ милиграми куркума на ден би било уште подобро, повисоките дози куркума и куркумин не се препорачуваат долготрајно, бидејќи истражувања покажале дека може да предизивка сериозни здравствени проблеми.

Под претпоставка дека сте во можност да внесете доволна количина куркума со соодветна доза преку додатоци, тогаш може ќе почнете да доживувате некои од нејзините „чуда“. Милер објаснува дека куркуминот е „силен антиоксиданс кој ги неутрализира слободните радикали, спречува осидативен стрес и оштетување на клетките во организмот“.

Куркуминот може да го стимулира производството на сопствени антиоксидантни енземи во вашето тело.Моќното антиинфламаторно дејство на куркуминот е привлечно затоа што научниците веруваат дека хроничното воспаление игра голема улога за многу болести и нарушувања, вклучувајќи срцеви заболувања, карцином, метаболен синдром, Алцхајмерова болест, артритис и одредени дегенеративни состојби. 

Иако можеби куркуминот нема да може сам да ги излечи сите болести, но доколку се консумира правилно на дневна основа, секако ќе биде корисен.

Дали куркумата има негативни страни?

Додатоците на куркума не се за секого, што е главната причина зашто се препорачува задолжителна консултација со лекар. Милер забележува дека куркумата консумирана во храна не е опасна (ниту особено корисна), но вели дека во форма на додаток може да создаде компликации под одредени околности.

За некој може да предизвика проблеми со стомакот поради фактот што куркуминот што го содржи куркумата помага да се стимулира производството на гастрична киселина. Иако може да помогне и при варење, Робин објаснува дека куркуминот „исто така може да предизвика непријатност во стомакот кога се зема прекумерно“ и вели дека кај некои луѓе може да предизвика дијареја, главоболки, гадење и осип на кожата. Несоодветните дози на куркумин може да доведат до предвремено породување и можни спонтани абортуси кај бремени жени.

Instagram
Instagram

Покрај куркуминот и црниот пипер кој помага при негова апсорпција, исто така може да доведе до гастрични проблеми кај луѓе кои се осетливи на овој зачин, а можеби не го знаат тоа. Поевтините додатоци на куркума може да содржат полнила како пченица што може да предизвика и алергиски реакции.

Иако додатоците на куркума имаат повеќе позитивни отколку негативни ефекти, сепак треба да бидете сигурни дека нема и вам да ви создадат каков било проблем. Затоа информирајте се добро и задолжително консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот