7 C
Скопје

Вистина за невистината

Во пензионерското гласило нема место за објаснувањето на потребата од зголемување на издвојувањето за солидарен фонд за посмртна помош од џебот на пензионерите, а има за „теоријата“ на медиумската манипулација, за „луѓето со злонамерно срце“ и слични работи.

Навистина вистината за невистината е вистина, само што зависи кој ја кажува и за кого е наменета. Всушност, сѐ зависи од моќта и позицијата на произведувачот на лагата кој од познати причини сака да ја прикаже како најголема вистина. Но, проблемот што сакам да го истакнам е од областа на медиумската манипулација, а целта е да се прикрие вистината и да се пренасочи вината, исто како во приказната за фаќањето на крадецот, кој втрчал во толпата и силно извикувал „Фатете го, фатете го…

Повод за вакво толкување на вистината најдов во насловот „Реакција по допрен глас“ во весникот „Пензионер плус“ кога веднаш си реков: фала му на Господ, допрел гласот до тие до кои требаше одамна да допре, но се излажав. Брзо сфатив дека до никого не допрел гласот, зашто никој не им тропнал на врата и не побарал од надлежните во СЗПМ да ги отворат тефтерите за да ги провери фактите и отфрли „шпекулациите“ во јавноста и  моето „ширење невистини“?! Затоа „нападнатото“ раководство на Сојузот со помош на „изнајмен“ апологет се обиде да ме замолчи со манипулирање и извртување на фактите, но и узурпирање на правото за демант во истото гласило утврдено со Закон.

Прочитајте и...  Нон-пејперот на Јанша - уште еден доказ за деструктивниот ефект на Десницата врз Балканот

Тој, бранителот на СЗПМ, ме нападна со измислена реторика, преполна со небулози, лицемерие, полтронирања и додворувања кон водството, кое повеќе пати  ја забошотува вистината и ме обвинува дека измислувам невистини и со моите колумни во „Слободен печат“ ги вознемирувам пензионерите. Како пример беше спомната колумната „Прочистување“, од која веќе неколкупати им цитирам факти и никој не ги порекнува, но и да сака не може, бидејќи станува збор за проверени докази, што и во оваа пригода уште еднаш ќе издвојам дел за да ја сфатат вистината и суштината на мојата критика. Еве, што таму пишува:

„Можеби, пак, не е толку во прашање немањето посебен закон за пензионерите, колку што е голем проблемот околу непочитувањето на постојните одредби и непостоењето соодветни статути во здруженијата и Сојузот! Речиси ниту во еден од статутите (или само во неколку) не е регулирана постапката на изборот на кандидатите и траењето на мандатите на избраните лица. Ако се спроведе прочистување (ветинг) на избраните и ангажираните лица во оваа област, имајќи го предвид времето поголемо од два мандата (осум години), според некои согледувања, во здруженијата и во Сојузот нема да остане кој да раководи со раководствата?! Зарем ова не е загрижувачко сознание и некакво признание за состојбите. Не само што има „незаменливи“ лидери што се на функции по 10, 15 и преку 20 години, туку на такви позиции има лица  постари и од 80 години. Ајде да ги затвориме очите и пред оваа појава, но зарем при очи да се правиме слепи и да не гледаме дека во една личност се кумулирани повеќе функции, а надлежните од „уќуматот“ даваат објаснување дека тоа било во функција на штедење средства од членарината што ја плаќаат пензионерите. Навистина смешни работи?! Потребно е некој да ги отвори тефтерите и да види каде и за кого се трошат парите, да ја провери големината на надоместоците, да види дали има други примања истовремено, па какви се дневниците и хонорарите по разни основи, какви се патните трошоци, како функционираат набавките и кој прави договори и дилови за закуп, продавање или давање под концесии имот на пензионерската организација?! И сето ова да е легално и исправно, треба да се провери за никој да не се сомнева дека има проневери“.

Прочитајте и...  Нон-пејперот на Јанша - уште еден доказ за деструктивниот ефект на Десницата врз Балканот

За малку ќе испуштев посебно да ја издвојам главната уредничка на весникот на пензионерите и претседателка на Комисијата за информирање, кон која имам посебен „респект“ поради нејзината улога во дејанијата на Сојузот и „процената“ на ударните теми што ги пласира на сајтот на СЗПМ. За неа поважно е во „Инфо“ да го стави нападот кон мене од апологетот, отколку информациите од животот на пензионерите и проектите за подобрување на животниот стандард. Исто така, на пример, во пензионерското гласило (и во „Инфо“) не најде место информацијата и објаснувањето на потребата од зголемување на издвојувањето за солидарен фонд за посмртна помош од џебот на пензионерите?!

Навистина, се прашува ли раководството на СЗПМ, зошто нема таква информација и објаснување, а има за „теоријата“ на медиумската манипулација, за „луѓето со злонамерно срце“ и други такви слични работи. Нели е ова навистина за прашување и чудење?! Можеби и не е, ако се има предвид капацитетот и структурата на редакцијата?!

Прочитајте и...  Нон-пејперот на Јанша - уште еден доказ за деструктивниот ефект на Десницата врз Балканот

Поврзани вести

Нон-пејперот на Јанша – уште еден доказ за деструктивниот ефект на Десницата врз Балканот

С.Р.

Лидерски договори или заговори?!

Мендо Димовски

Кучињата лаат, а карванот си врви

Омаловажувачкиот хумор кон етнички групи не е шега

Ваљон Салиху

Враќањето на германската политика

Јошка Фишер

За Трајко, со почит

Атанас Костовски

Остави Коментар