Високозаразен сој на птичји грип откриен на фарма во Холандија

Птичји грип /Фото: Профимедиа

Холандските власти открија присуство на многу заразен сој на птичјиот грип на една живинарска фарма во северниот дел на земјата.

Како резултат на заразата, околу 170.000 кокошки ќе бидат уништени за да се спречи натамошното ширење на инфекцијата.

„Околните фарми во провинцијата Северна Холандија ќе бидат затворени додека се вршат тестирањата за вирусот Х5Н1 и додека не се утврди дали инфекцијата се проширила”, се додава во соопштението на холандското Министерство за земјоделие.

Од избувнувањето на оваа заразна болест во 2021 година во Холандија се убиени стотици илјади кокошки, патки, мисирки и десетици диви птици.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот