Високите казни ги натераа газдите да ги затворат конфекциите за 1 мај

Иако во минатото често се случувало за денешниот Меѓународен ден на трудот многу текстилни фабрики да работат, сепак ригорозните казни со кои се соочија работодавците за непочитување на законските одредби, придонесоа работниците во Делчево заслужено да одмораат на денешното одбележување на Меѓународниот ден на трудот.

Ова анонимно го потврдија текстилни работнички од Делчево, кои велат дека немаат информација, оти било која фабрика се осмелила да работи денеска.

– Очигледно дека заложбите на работниците за почитување на нивните права, особено кога се работи за празници вроди со плод, па така денес немаме информација дека работници од било која конфекција се на работа. Можеби за тоа да биде така влијаеа и казните за оние сопственици кои го злоупотребуваа законот во минатото кога во Делчево најголем дел од фабриките работеа и за време на празници, велат делчевските текстилни работнички.

Сепак последниот случај за работење за време на празник е забележан за време на изминатиот празничен ден Велики Петок кога дел од вработените работеле за празникот.

– Тогаш се работело со образложение дека нема да се работи на 30-ти април, кој беше работен ден, но поради тоа што се работело за Велики Петок, вчерашниот ден 30-ти август е споен со 1-ви мај како неработен ден, дополнуваат текстилните работнички од Делчево.

Овој двоен празничен ден, како што велат вработените во текстилните фабрики, најмногу се искористува за завршување на земјоделските работи во поле, бидејки како што дополнуваат викендот кој доаѓа најверојатно повторно ќе биде работен за нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот