Високиот суд го продолжи притворот за професорот Алексиќ, обвинет за силување во училиште за глума

Денес судијата за претходната постапка на Високиот суд во Белград донесе одлука за продолжување на мерката притвор на професорот Мирослав Алексиќ до 30 дена.

Мирослав Алексиќ е обвинет за силување, се наведува во соопштението на Високиот суд.

Во одлуката стои дека  постојат  „околности што укажуваат на тоа дека тој ќе го повтори делото за кратко време“, затоа што за делото за кое е обвинет се казнува со повеќе од десет години затвор и затоа што „начинот на извршување на криминал и сериозноста на последиците од јавното вознемирување што може да го загрози непречено и правично водење на кривичната постапка“.

Алексиќ беше уапсен кога актерката Милена Радуловиќ за медиумите изјави дека тој ја силувал неколку пати кога била малолетна. Тогаш неговите други студентки изјавија дека го доживеале истото.

Постои сомневање дека е од 2012-2020 година во просториите на училиштето за глума во Белград, чиј сопственик е тој, нападнал петмина негови ученички, од кои двајца биле малолетни.

Медиумите објавија дека Алексиќ е обвинет за осум кривични дела силување и пет кривични дела недозволена сексуална активност.

Извор:Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот